Роберто Мартинез: Витсел е најдобар трансфер ова лето


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Белгискиот играч за врска Аксел Висел ова лето се врати на голема сцена, потпишувајќи договор со Борусија Дортмунд.

Витсел пред година ипол замина во Кина, каде што играше за екипата на ТЈ Куанјан.

Сепак, ова лето се врати во Европа и потпиша за Борусија Дортунд, а селекторот на репрезентацијата на Белгија, Роберто Мартинез смета дека е одличен потег на германската екипа и потег на летото.

„Со обзир на тоа дека го донесоа за релативо мала цифра од 20 милиони евра, може да се каже дека е најдобар трансфер на изминатото лето. Дортмунд ги заслужува сите пофалби поради доведување на Аксел“, изјави Мартинез.