Роднина на сопственикот на Манчестер Сити сакал да го купи Ливерпул!?


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сопствениците на Ливерпул одбиле понуда од две милијарди фунти, кои ги добиле од позната арапско семејство на кое припаѓа и сопственикот на Манчестер сити, Шеик Мансур.

Арапите имале состанок со сопствениците на Ливерпул, па им понудиле две милијарди фунти за откуп на клубот, но понудата била одбиена.

Наводно, тие биле блиску до договор. Сопствениците на „црвените“ биле подготвени да го продадат клубот, но продажбата била откажана бидејќи сметале дека можеле повеќе пари да добијат.

Не биле само шеиците заинтересирани за купување на екипата од „Енфилд“. Во октомври сопствениците на Ливерпул одбиле понуда од 1,5 милијарди фунти.