Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Рома Раџа Наинголан рече денеска дека неговиот тим немаше среќа на ждребот за Лига Европа, но амбициите на тимот и понатака се да освојат три трофеи.
Рома без проблеми го победи Виљареал во двомечот, а ждребот во осмина финалето го додели Олимпик Лион.
„Немавме среќа на ждребот бидејќи играме против еден од најдобрите тимови. На крајот на краевите, ако во ова коло не се сретнеме со силен тим, дефинитивно ќе биде во следното, па така не менува многу работи. Мораме да победуваме се со цел да подигнеме трофеј и тоа е она што го сакаме“, рече Наинголан за сајтот на УЕФА.
Белгискиот репрезентативец рече дека познава некои играчи од Лион и дека таму нема да биде лесно.
Рома моментално е втора во Серија А, со седум бода помалку од Јувентус, додека во полуфиналето на националниот куп играат против Лацио.
„Играме и понатака во три натпреварувања, можеме и понатака да освоиме три трофеи. Добар тим сме и сигурни сме во својот квалитет. Мислам дека можеме да победиме секого ако ја играме својата игра. Мислам дека добри резултати донесуваат добри резултати. Моментално сме во добра форма и мораме вака да продолжиме.
Задоволен сум и со своите игри и со игрите на тимот“, рече Наинголан.