Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Го потврди тоа со синоќешната партија во Торино, а тоа го потврдуваат и бројките кои го издвојуваат во однос на останатите мајстори на фудбалската игра.
Седуммина играчи се издвоија на листата најдобри стрелци во историјата на Лигата на шампионите со 50 и повеќе погодоци, но Кристијано Роналдо е поголема класа.
Не само што го зазема првото место на листата најдобри стрелци во историјата на елитното натпреварување, туку е и единствен играч со 50+ погодоци кои се постигнати во плеј-офот отколку во групната фаза.
Тоа само го потврдува ставот на многумина дека Роналдо е играч за големи натпревари, оние кога се доаѓа во ситуација или-или што се виде и синоќа кога со хет-трик го одведе Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Списокот играчи со 50 и повеќе погодоци во Лигата на шампионите и учинокот во плеј-оф фазата од натпреварување:
1.Кристијано Роналдо 124 гола (63 плеј-оф, 61 групна фаза)
2.Лео Меси 106 (40-66)
3.Раул 71 (34-37)
4.Карим Бензема 60 (17-43)
5.Руд Ван Нистелрој 56 (17-39)
6.Роберт Левандовски 53 (19-34)
7.Тиери Анри 50 (21-29)