Роналдо после натпреварот – Што е момци, не ви работи телевизорот?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето на светското клубско првенство после денешната победа против Клуб Америка со 2:0.

Стрелецот на вториот погодок за кралскиот клуб беше Кристијано Роналдо, а неговиот погодок ги збуни сите.

Судијата прво го призна погодокот, потоа го поништи, па повторно го призна со помош на ТВ снимката која покажа дека офсајд немаше.

Роналдо после натпреварот се приближи до судиите и со шеговит тон ги праша: Што е момци, не ви работи телевизорот?.

Да потсетиме дека на новата технологија се пожали Лука Модриќ кој изјави дека се изгледа збунувачки.