Роналдо со нов гол, Јувентус продолжува да гази (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Јувентус во 13. коло во Серија А го запиша својот 12 триумф откако со 2:0 славеше против СПАЛ.

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо го отвори резултатот во 29. минута од средбата, а со овој резултат се замина и на пауза.

Конечниот резултат го постави Марио Манџукиќ во 60. минута од натпреварот кој шутираше ниско по средината на голот и го матираше голманот Гомис.

СО оваа победа Јувентус дојде до бројката од 37 бодови, додека СПАЛ остана на 15. место со 13 бодови.