Руди Гарсија го враќа дома „заборавениот„ репрезентативец на Франција!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новата цел на Олимпик Марсеј е во своите редови да го доведе Јохан Кабај.

Kабај блескаше во дресот на Лил, а додека тој играше во Лил тренер беше Руди Гарсија, кој пак сега седи на клупата на Марсеј.

Идејата е да се врати Кабај во Франција но сега се прашува неговиот сегашен клуб, а тоа е Кристал Палас.

Кристал Палас наводно сака 16 милиони фунти за Кабај.

Се зборува и дека Паје ќе замине во Марсеј за големи пари па прашањето е дали на тимот од Велодром ќе му останат пари и за ангажирање на Кабај.

Едно е сигурно, тоа е дека на Кабај нема да му пречи повторно да соработува со Гарсија со кој и освои титула шампион на Франција во својата последна сезона во Лил.