„Сакав да ја завршам кариерата“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао во оваа сезона повторно е тој стариот.

После пропаднатите сезони во Манчестер Јунајтед и Челси, Фалкао се врати во Монако, каде што во оваа сезона игра навистина фантастично.

Кариерата на Фалкао беше на надолна патека после тешката повреда во јунуари 2014 година.

Ги скина Колумбиецот лигаментите на левото колено, и мораше на повеќемесечна пауза, поради што го пропушти и СП во Бразил.

Призна дека после таа повреда размислувал за завршување на кариерата.

„Се чувствував ужасно после операцијата. Дури размислував и да ја завршам кариерата. Сепак, успеав да ја пребродам психичката криза и успеав да продолжам понатака“,, рече 31-годишниот напаѓач.

Во оваа сезона Фалкао игра одлично. Вкупно настапи на 27 натпревари за Монако, а постигна 21 погодок. Сигурно дека на оваа бројка нема да заврши и дека до крајто на сезоната ќе биде значително поголема.