Само уште еден тим чека „виза“ за нокаут фазата од Лигата на шампионите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На вечерашните натпревари од шестото коло од групите Е, Ф, Г и Х ќе биде спуштена завесата на групната фаза од Лигата на шампионите.

Речиси се познати сите патници во осминафиналето, а единствена непознаница е вториот патник од групата Ф. Во оваа група меѓусебно ќе се соочат Шахтјор и Лион, а украинскиот тим мора да победи доколку сака да обезбеди пласман во елиминационата фаза.

Во другите групи ќе има неизвесност само околу тоа кој ќе заврши на првата, а кој на втората позиција во групата.

Вечерашните натпревари со сигурност ќе донесат и неизвесност, но не онаква како што донесоа натпреварите во текот на вчерашниот ден кога многу тимови бркаа пласман во осминафиналето.