Сан Антонио повторно победи, Клиперс подобар од Портланд


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Во НБА лигата беа одиграни 4 натпревари.

    Сан Антонио стигна до 2-та победа во новата сезона.

    Откако го победија Голден Стејт, тие беа подобри и од Сакраменто со 102:94. Леонард имаше одлична вечер, постигна 30 поени, 5 асистенции и 3 скокови.

    https://youtu.be/RBDhKDXoYqI

    Во редовите на Сакраменто најдобар беше ДеМаркус со 37 поени и 16 украдени топки.

    Во останатите натпревари Атланта беше подобра од Вашингтон со 114:99. Во своите редови Атланта имаше 5 играчи со 2 цифрен број поени, Милсап беше најефикасен со 28 поени, 7 скокови и 7 асиситенции. Хардавеј постигна 21 додека Хауард постигна 11 поени и 19 скокови.

    https://youtu.be/d0tu4QoZEIk

    Клиперс беше подобар од Портланд со 114:106, а надобри во таа победа беа Грифин и Крис Пол. Грифин постигна 27 поени и 13 скокови додека Пол имаше 27 поени, 5 асистенции и 5 украдени топки. Кај Портланд најдобар беше Лилард со 29 поени.

    https://youtu.be/k7JGymZ8Q94

    Интересен натпревар одиграа и Чикаго и Бостон. Најмногу успех на крајот имаше Чикаго кој победи со 105:99. Двејн Вејд во своето деби постигна 22 поени, а поефикасен од него беше Батлер со 24 поени.

    https://youtu.be/8d_zOxpeI9Y