Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Ѕвездата на Арсенал, Алексис Санчез истакна дека одлучил каде ќе игра следната сезона.
Но чилеанскиот репрезентативец не потврди дали наредната сезона ќе му биде соиграч на неговиот репрезентативен колега, Клаудио Браво во Манчестер Сити или ќе остане во редовите на Арсенал.
Договорот на Санчез истекува следното лето, а кога беше запрашан од новинар на „Скај Спортс“ дали ќе му се придружи на Браво во Манчестер Сити, Чилеанецот одговори: „Тоа е добро прашање. Засега фокусиран сум на Купот на Конфедерации. Кога ќе заврши ќе видиме дали ќе останам или ќе заминам. Не знам.“
Потоа Санчез беше запрашан дали тој самиот решил каде ќе игра седната сезона, а тој со насмевка одговорил дека одлучил во кој дрес ќе настапува следната сезона, но дека засега не може да каже.