Светските медиуми открија што се случува кога Аргентина игра на 30. jуни

Репрезентацијата на Аргентина денеска игра против Франција во осминафиналето на Светското првенство во Русија.

Аргентина со неверојатна среќа стигнаа до осминафиналето, но денеска ги очекува дуел со Франција, која е еден од најголемите фаворити за освојување на Мундијалот.

Медиумите во Аргентина откриваат статистика за нивната селекција, кога игра на денешен датум. Претходните три натпревари кои тие ги одиграле на 30. јуни на Мундијалот се завршени по изведувањето на пенали.