Се врти тркалото: Прво ги „предаде“ лани, а сега ги моли да го купат! (ФОТО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Антоан Гризман минатото лето беше на чекор од трансфер во Барселона, но на крајот реши да остане во Атлетико Мадрид.

Драмата за неговиот трансфер во Каталонија траеше неколку недели и беше јасно дека Французинот ќе се пресели во каталонскиот клуб, но во последен момент преговорите пропаднаа.

Меѓутоа, очигледно Гризман сега жали поради неговиот потег, а тоа го потврдува и „Мундо Депортиво“, кој пишува дека Французинот ќе се обиде да го привлече интересот на Барселона на крајот на сезоната.

Гризман, наводно, на своите агенти им кажал повторно да контактираат со Барселона и да му дадат до знаење на нивното раководство дека сака да се пресели во тимот. Доколку Каталонците решат да го купат, тогаш најверојатно ќе платат 120 милиони евра за него.

Сепак, каталонскиот тим не сака да го заборави неговото „предавство“ од лани, па јасно му порачале дека прва мета ќе им биде Лука Јовиќ, а доколку не го ангажираат, тогаш ќе се насочат кон Французинот.