Се огласи агентот на Бејл: Еве што мора да направи Реал за да го задржи во тимот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Агентот на Герет Бејл, во интервју за „Скај Спортс“ истакна дека од Реал Мадрид мора да му ветат на Велшанецот повеќе првотимски фудбал доколку сакаат да го задржат во сопствените редови.

Сезоната што измина Бејл не беше во прв план кај Зинедин Зидан, а по крајот на финалниот натпревар од Лигата на шампионите во Киев истакна дека би можел да си замине од тимот.

„Мислам дека треба да разговараме со Реал Мадрид и да видиме што ќе направиме. Тој сака да има подобра сезона од минатата. Сака да игра повеќе и тоа е најважно за него. Сметам дека тој е еден од најдобрите три или четири играчи во светот. Некој како него мора да игра константно. Не е се поради парите“- коментираше Џонатан Барнет, агентот на Бејл во интервју за Скај Спортс.