Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Јувентус и Баерн Минхен ја водат трката за потписот на играчот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал.
Италијанците го посочиле Марсијал како идеален за левата крилна позиција во тимот. Се поизвесно е дека Марио Манџукиќ ќе си замине, па Французинот би ја пополнил таа позиција.
Сепак, како што пишуваат медиумите, во последните неколку денови во целата ситуација се вмешал и тимот на Баерн Минхен. Примарна цел на Баварците е Малком од Бордо, кој секако ќе биде и поевтино решение, но не се исклучува можноста да тргнат и по одличниот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој не се изнаигра многу кај Мурињо.