Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Швајцарскиот институт ЦИЕС го објави „победникот“ на преодниот рок.
Во својот редовен неделен извештај ЦИЕС овој пат се занимаваше со најуспешните трансфери во овојлетен преоден рок.
Критериумите беа разлика меѓу проценувањето на вредноста и износот на парите кој одреден клуб ги доби за секој играч.
Така победник во категоријата индивидуален трансфер е Наполи кој за Гонзало Игуаин доби 23.8 милиони евра повеќе отколку од пазарната вредност.
Да потсетиме, Јувентус ја плати откупната клаузула од 90 милиони евра, а ЦИЕС ја процени на 66.2 милиони евра.
Повеќе од 20 милиони евра во однос на пазарната вредност чинеше и Ерик Бејли, Кевин Гамеиро, Јаник Боласи, Гранит Џака и Џонс Стонс. Очекувано е играчите што се најмногу „претплатени“ се од Англија – а во топ 10 е само Игуаин што премина во некој надвор од ПЛ.
Што се однесува до клубовите, најдобра работа очекувано одработи Севиља која заработи 34.9 милиони евра повеќе отколку што “требаше“. Одлична зделка направи и Кристал Палас, а Игуаин Наполи го одведе на третото место.