Седум фудбалери кои би можеле да го напуштат Арсенал


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Арсенал се наоѓа во голема криза можеби и најголемата во последните пет-шест години.

Арсенал не игра добро.

Беа понижени во натпреварите против Баерн Минхен од 1/8 финалето во ЛШ, а покрај тоа нема да се бори за титула во ПЛ. Единствено што им остана за спасување на сезоната е ФА Купот.

Работата да биде подраматична се погрижија навивачите кои бараат оставка од Венгер.

Експрес објави список кој што се состои од седум фудбалери кои би можеле да си заминат од Арсенал на крајот на оваа сезона ако стигне добра понуда бидејќи договорите им истекуваат следната сезона.

Алексис Санчез – се разбира дека ова име го очекувавме на списокот кој по многумина е незадоволен во Арсенал и не размислува да го продолжи договорот

Месут Озил – човекот кој исто така нема потпишано уште нов договор, а би можел да си замине ова лето ако стигне добра понуда

Арон Ремзи – ниту тој не е презадоволен како ниту навивачите од него оваа сезона

Алекс Окслејд Чемберлејн – имаше и понуда во летото и во текот на зимата, а можеби летото 2017-та година е вистинско време за заминување

Карл Џенкинсон – се разбира дека е фудбалер кој ќе си замине од Арсенал на крајот на сезоната

Пер Мертезакер – има проблеми со повреди, се мисли дека не е за најголемите задачи во следната сезона, па се очекува заминување на капитенот

Киеран Гибс – нема место за него, не игра многу, се очекува негово заминување