Силекс ремизираше против Кишварда


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Македонскиот прволигаш, Силекс на подготовките во Анталија денес одиграа пријателски натпревар против Кишварда од Унгарија. Кратовчани ремизираа, 1:1.

Во првото полувреме без постигнати погодоци, но затоа во вториот дел видовме два погодоци.

Вари од пенал во 79-та минута му донесе водство на Кишварда, а две минути подоцна Александар Пановски ги постави конечните 1:1.

Следниот пријателски натпревар на Силекс е во недела против Балмазујварош од Унгарија.