Симеоне испрати една од најнеочекуваните понуди било кога!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијанските медиуми јавуваат дека под Лантера стигна понуда од Атлетико!

Како што пишува Ел Месаџеро, Атлетико Мадрид го сака Џовани Симеоне.

„Чолито“ остави одличен впечаток во своката прва сезона во клубот, привлече внимание на Интер и Милан, но се појави Атлетико, т.е неговиот татко.

Диего Симеоне сака неговото најстаро дете да заигра за Јорганџиите, сумата која ја понуди е нешто помалку од 20 милиони евра.

Во Џенова не сакаат ни да преговараат, во зимата на Наполи го продадоа Паволети, Енрико Прециози бара инвеститори, нема лесно да се откаже од талентираниот Аргентинец.

Џовани Симеоне има 21 година, дете од првиот брак на Чоло Симеоне, потекна во Ривал Плата, има два помлади браќа.

Почна да тренира меѓу популарните Милионери во времето кога неговиот татко се врати од Европа и го водеше Ривер Плата пред девет години.