Сити во финишот славеше во Гелзенкирхен, Атлетико со два гола го урна Јуве (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид обезбеди солидна предност против Јувентус во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони, откако во финишот успеа да победи со 2-0, додека на вториот меч Манчестер сити во последни минути славеше со 3-2 против Шалке.

Атлетико Мадрид и Јувентус одиграа возбудлив натпревар во првиот дел, но немаше голови на ниту една страна. За нив се чекаше до самиот финиш на мечот, кога шпанскиот гигант преку Хозе Хименез и Диего Годин ги постави конечните 2-0.

На вториот меч Манчестер сити стигна до предност од 1-0 преку Серхио Агуеро во 18. минута, а потоа Шалке направи пресврт (2-1) со два гола на Набил Бенталеб од пенали.

Сепак, во последните пет минути од мечот, „граѓаните“ направија пресврт со погодоците на Лирој Сане и Рахим Стерлинг и ги поставија конечните 3-2.