Скалони: Разговаравме со Икарди и му објаснив во што е проблемот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мауро Икарди повторно почна да тренира со тимот на Интер, но за својот клуб не играше месец дена.

Околу неговата сапуница на Џузепе Меаца веќе се е познато, но таа се одрази и на неговите шанси за повик во репрезентацијата на Аргентина.

Претходно често пати беше во немилост кај селекторот на Аргентина, а Лионел Скалони исто одлучи да го изостави од списокот за претстјните пријателски дуели.

„Разговарав со Мауро пред објавување на списокот и му објаснив зошто не е повикан“, истакна Скалони.

Сепак постои можност Икарди да биде повикан за натпреварите на Аргентина во рамките на Копа Америка.

„Она што му се случува директно влијае и е грижа и на репрезентацијата. Од сега па до Копа Америка ќе видиме што ќе се случува па ќе одлучиме дали можеме да го повикаме или не“, изјави Скалони, па додаде:

„Јасно е дека она што се случува со него не е идеално за нас“.

Повик во репрезентацијата доби младиот соиграч на Икарди од Интер, Мартинер, кој ќе му прави друштво на Меси во нападот против Венецуела и Мароко.