Скандал: Сидорф предизвика контроверзи во репрезентацијата на Камерун!

Поранешниот фудбалер на Милан, Кларенс Сидорф, неодамна седна на кормилото на клупата на Камерун.

Сидорф во новата тренерска работа почна заедно со Патрик Клајверт, а иако на клупата на африканската селекција не беше ниту еден месец, веднаш предизвика контроверзи.

Сидорф го објави списокот со повикани играчи, а на него не беа Кристијан Басогог и Бенџамин Муканџоа, кои го освоија Африканскиот куп на нации во Габон, а причината зошто не се повикани е тоа што играат во Кина.

„Добрите фудбалери играат во најдобрите клубови во Европа и се појавуваат во најголемите натпреварувања како Лигата на шампиони. Нема да повикам играчи кои на 20 години сакаат да одат во Кина“, вели Сидорф.