Солари крена раце од него, но Баерн е подготвен да го купи за 120 милиони...?!

Реал Мадрид можеби повеќе не купува како некогаш, но тоа не значи дека во своите редови не поседува некои од најдобрите фудбалери на светот.

Еден од најперспективните е секако Марко Асенсио чија цена расте од ден во ден, а и интересот е се поголем.

Шпански Дон Балон, тврди дека Баерн подготвил понуда вредна 120 милиони евра за да го донесе Асенсио во своите редови.

Адутот на Баварците би можело да биде и незадоволството на офанзивецот поради скромната минутажа кај Сантијаго Солари, иако Зинедин Зидан го промовираше и му пружи прилика која репрезентативецот на Шпанија знаеше да ја искористи.

Баерн сака замена за Рибери и Робен, а 23-годишниот фудбалер се вклопува во посакуваниот профил бидејќи може да игра на практично сите офанзивни позиции во редот за врска.

Германскиот шампион не е единствената заинтересирана страна, во редот се наоѓаат и ПСЖ, Ливерпул, Манчестер Сити и Челси, па управата на Баерн ќе мора да реагира што е можно побрзо.