Сопствениците доаѓаат овде, играчите заминуваат таму!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дојде едно ново време во фудбалскиот свет. Европските клубови веќе повеќемина од гигантите, од тимовите кои се на самиот врв во светскиот фудбал имаат сопственици кои доаѓаат од Кина и арабискиот полуостров.

А познато ни е дека голем дел од играчите заминуваат таму. Не поради тоа што има одлични услови за играње фудбал, овде голема игра играат парите. Од еден трансфер период во друг се поголеми се таквите трансфери. Сопствениците доаѓаат овде, играчите таму. Глупаво до некаде.

Инсипириран сум од денешното влегување на кинези во Лион и уплатата од 100 милиони евра на сметката на Милан, а исто така пишувајќи статија за заминувањето на Оскар ми дојде инспирација за ова.

Богати газди ги држат и клубовите долу, богати газди се се повеќе и повеќе овде на територијата на Европа. Но играчите ги одбираат парите, долу во Дубаи еве да речеме или пак во Катар, во Шангај даваат поголеми плати, клубовите профитираат од продажба на еден играч. Еден Челси кој е доста тешко дека ќе ги одбие 60 милиони кои пристигнуваат од Кина. Кој би одбил 60 милиони за играч или пак кој играч би одбил голема плата.