Спасот стигнува во последен момент: Сериозен инвеститор ќе го купува Милан!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Сопственикот на Милан, Јонгхонг Ли ќе мора да го остави клубот на Елиот фондацијата бидејќи не плати 32 милиони евра за да го задржи тимот.

Инвестицискиот фонд ќе се обиде во краток период да го продаде клубот на заинтересираните инвеститори, а се споменуваше американскиот бизнисмен Роко Комисо, но сега постои нов бизнисмен.

„Калчомеркато“ пишува дека принцот на Саудиска Арабија Ал-Фаласи е заинтересиран за купување на италијанскиот гигант.

Тој е подготвен да плати 415 милиони евра за да го преземе Милан, а наводно руски тајкун може да му биде конкуренција во таа битка.