Спортинг ја врзува својата „златна кокошка“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Големата надеж на португалскиот фудбал ќе го продолжи договорот со Лавовите.

Желсон Мартинс ќе се обврзи на верност со Спортинг до 2022 година, пишува “Рекорд“ во денешното издание.

Сигурно нема да остане толку долго во клубот, но дефинитивно ќе им овозможи што повеќе да заработат од неговата продажба, што е гест вреден за почитување во денешниот фудбал.

21-годишниот напаѓач, кој на крајот од минатата година дебитираше за А репрезентацијата на Португалија, според новиот договор ќе заработува милион евра годишно.

Мартинс е дете на Спортинг, а од својата 15-та година е член на клубот. Во досегашниот дел од сезоната на 30 одиграни натпревари постигна 4 голови.