Стадионот на Тотенхем има дури и тоалети за кучиња


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новиот стадион на Тотенхем конечно е спремен за отварање откако работата траеше повеќе од шест месеци отколку што беше првично планирано.

Стадионот изгледа навистина импресивно и сигурно ќе биде еден од најмодерните стадиони во светот. Лондонскиот клуб во изградбата вложи повеќе од милијарда фунти, но навистина вредеше кога ќе го погледнете како изгледа.

Во Тотенхем едноставно мислеле на се, а навивачите во склоп на стадионот ќе имаат се што имаат замислено. Дури погодности ќе имаат и навивачите кои имаат проблеми со видот и кои користат кучиња како свои помагачи.

Имено, на стадионот постојат дури и тоалети за кучиња, за сопствениците да ги однесат кога и да посакаат,

Овој детал ја воодушеви јавноста во Англија, па во Тотенхем добија многу пофали поради ова.