Стемфорд Бриџ се прости од Лампард!

Навивачите на Челси денеска се простија од нивната легенда, Френк Лампард.

Лампард пред неколку денови одлучи да ја заврши својата кариера.

Пред големото дерби со Арсенал кое е во тек, навивачите истакнаа транспарент со ликот на Френки, една од најголемите легенди во Челси.

Лампард помина цели 13 сезони во Челси и одигра 648 натпревари со 211 постигнати погодоци.