Стигна во Реал како голема надеж, имаше срцеви проблеми, а сега се врати дома


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лукас Силва е нов фудбалер на Крузеиро.

Лукас Силва го напушти Реал Мадрид и ќе игра за Крузеиро на позајмица, соопшти кралскиот клуб. Бразилецот така се врати во својот матичен клуб после две години поминати во Реал Мадрид.

Овој фудбалер тренираше во Реал, не се наигра, а во Крузеиро ќе биде пратен на позајмица до крајот на сезоната. Во текот на престојтот во Мадрид му беа откриени срцеви проблеми .

Сега се врати во Крузеиро каде ќе добие поголема минутажа, но со намера да се врати во Реал Мадрид со кој има договор до 2020-та година.

Тој во Реал Мадрид стигна на 23-ти јануари како голема надеж, но досега не успеа да се покаже.