Стигна како големо засилување, а сега ќе му ја „удрат клоцата“ од Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џенаро Гатузо зборуваше дека не би имал ништо против Никола Калиниќ да го напушти Милан зашто не се посветува доволно на тренинзите.

Медиумите пишуваат дека клубови од Кина сакаат да го ангажираат Калиниќ, па се надеваат дека ќе успеат тоа да го реализираат летово.

Патрик Кутроне и Андреа Силва се прв избор на Гатузо, а за Хрватот нема место. Калиниќ оваа сезона на 30 настапи постигна само четири голови и шест асистенции, а моментална вредност му изнесува 16 милиони евра.