Столе Димитриевски го продолжи договорот со Рајо Валјекано до 2022 година!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ќе остане во Рајо Валјекано до 2022 година, откако сезонава настапува одлично за нив.

Димитриевски ја дочека својата шанса на голот на Рајо и ја искористи максимално. Неговите феноменални одбрани бе забележани и од управата на Ла лига, па така пред неколку кола беше и најкорисен на колото.

По одличните настапи стана јасно дека раководството на клубот ќе му ја продолжи соработката на уште неколку години.