Стравува Пеп Гвардиола: Играчот за врска на излезна врата од „Итхад“…


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Манчестер Сити се наоѓа во клучниот дел од сезоната, а пропратно ќе мора да мисли за тимот за следната сезона.

А веќе ова лето, „Итхад“ би можел да го напушто Илкај Гундоган.

Репрезентативецот на Германија и покрај проблемите со повредите има голема доверба во Пеп Гвардиола, но поради неповолните околности, нема преголема минутажа.

Неговиот договор истекува на крајот од следната сезона, а веќе истакна дека за се ќе се разговара ова лето без оглед на тоа што „Граѓаните“, веќе подготвија понуда за продолжување на соработката.

„Играше кога беше здрав, знае што очекуваме од него, но на крајот на краиштата се зависи од него. Ако сака да замине, ние тука не можеме да му направиме ништо“, истакна Шпанецот.