Страшна повреда на португалски репрезентативец!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Играчот за врска на Спортинг од Лисабон доживеа повреда на поради која на сосилка го напушти стадионот.

Репрезентативецот на Португалија и фудбалер на лисабонските „Лавови“ Адријен Силва, мораше порано да го напушти теренот во текот на натпреварот од 16 коло од португалска Примера.

Тој имено доживеа повреда во пределот на вратот, после што доби незгоден удар во слепоочницата од страна на фудбалер на нивниот денешен ривал Феиренше Аурелио.

Силва и Аурелио пробуваа да стигнат до една топка, фудбалерот на Спортинг беше побрз, но поради тоа доби “казна“.

Аурелио ја подигна ногата превисоко, со цел да проба да дојде до топката, а наместо „топката“ го закачи фудбалерот на Спортинг по главата.

Адријен Силва одма се фати за местото каде што е удрен, судијата на фудбалерот на Феиренше го почести со жолт картон, а потоа се испостави дека играчот за врска на Спортинг не е во состојба да го продолжи дуелот.

Изнесен е на носилка, со крагна околу вратот.

Натпреварот во Лисабон е завршен со победа на Спортинг со резултат 2:1 (2:0), двата гола за домаќините ги постигна Бас Дост.