Строгост во ФА: Сања казнет поради коментар на Инстаграм


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ФА денеска објави дека фудбалерот на Манчестер Сити, Бакари Сања, е казнет поради својот коментар на друштвените мрежи.

Сања на својот Инстаграм профил се огласи во  минатата недела после што Манчестер Сити на домашен терен со доста маки оствари победа против Барнли со 2:1.

Избраниците на Пеп Гвардиола мечот го завршија со играч помалку бидејќи црвен картон доби Фернандињо.

После натпреварот Сања на својот Инстаграм профил напиша дека ова беше победа „10 против 12“ алаудирајќи на тоа дека судијата бил на страната на Барнли.

Французинот додаде дека Сити се бори против сите, и дека ова е победнички тим кој нема да запре.

Фа одма после тоа поткрена истрага против фудбалерот на Сити, а денеска официјално е објавено дека тој е казнет поради недолично однесување.

Сања е казнет парично, но сеуште не е познато за која сума на пари се работи.