Суарез на клупа, Алкасер ќе го предводи нападот на Барса


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уругваецот ќе влезе во игра само ако има потреба.

Луис Суарез ги одигра речиси сите мечеви од стартот на сезоната и ќе одмори во дуелот против Алавес.

Како што тврди каталонски Спрот, Луис Енрике не сака да го форсира Уругваецот после репрезентативната пауза.

Луис Суарез одигра два меча по 90 минути во квалификациите за СП и дури во четвртокот стигна во Барселона, па така шанса пред него да добие има новајлијата Пако Алкасер.

Досегашниот напаѓач на Валенсија вчера е претставен како нов играч и не може да замисли подобро деби после само два дена.

Нејмар истотака се врати во екипата после настапите на ОИ и заслужената пауза и истотака може да биде на клупа поради тоа што во Барса стигна истиот ден како и Суарез.

Луис Енрике потврди дека Меси се опорави од лесната повреда на задната ложа и дека ќе конкурира за составот, па Аргентинецот може да го предводи напаѓачкото трио заедно со Алкасер и Арда Туран кој не беше повикан за националниот тим и одморен и спремен да заигра  повторно од првата минута.

Мечот Барселона – Алавес е на програмата во сабота од 20:30 часот.