Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дуелот помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс во финалето на Копа Либертадорес беше одложено и не е познато кога ќе се игра, иако се шпекулира дека тоа би можело да биде на осми декември.
Двете екипи во првиот дуел одиграа 2-2, но на „Монументал“ не се одржа реваншот, поради хаосот кој го направија навивачите на Ривер.
Очигледно дуелот ќе нема можност да се одржи во Буенос Аирес, па се споменуваат други континенти, а се шпекулираше за Абу Даби, но би можел да се игра и во Европа.
Италијанска Џенова се понуди да биде домаќин на Суперкласико, па сега се очекува конечна одлука на клубовите и КОНМЕБОЛ.