Така тоа не се прави во Англија – Пет менаџери во период од само 13 месеци!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Англискиот фудбалски клуб Дерби каунти го именуваше денеска својот поранешен играч Гари Ровет за нов тренер, петти во последните 13 месеци.

Управата на Дерби го отпушти пред два дена тренерот Стив Мекларен поради лоши резултати.

Дерби е на 10 место на табелата од Чемпионшип и најверојатно нема да избори место во плеј-оф за враќање во Премиер лигата.

Ровет играше за Дерби од 1995 до 1998 година, а екипата ќе ја предводи до крајот на сезоната 2018/2019 година.

Тој во декември доби отказ во Бирмингем.