Таткото на мексиканската ѕвезда го потврди интересот од Барселона

Таткото на една од најголемите ѕвезди на Мексико, Хирвинг Лозано истакна дека Барселона ги контактирала за трансфер на играчот.

Лозано имаше одлична сезона во ПСВ Ајндховен, а беше стрелец и на победничкиот гол на Мексико на натпреварот против Германија во воведното коло од Светското првенство.

„Барселона не контактираше но се уште ништо не е јасно во овој момент. Кога Светското првенство ќе заврши, ќе имаме подобра слика за реалноста, дали тој ќе остане во ПСВ или ќе се пресели во друг тим“-коментираше таткото на Лозано за ЕСПН.