Тежок ждреб за Ѓоковиќ на Вимблдон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ ќе има пеколно тешка задача да се врати на победничките патеки откако доби навистина тешка ждрепка за неофицијалното светско првенство во тенисот, Вимблдон.

Најдобриот српски тенисер во првото коло ќе игра против Словакот, Мартин Клижан и на овој двобој е апсолутен фаворит.

Во евентуалното второ коло Ѓоковиќ ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Ернесто Ескобедо и Адам Павласеко. Трикратниот шампион на Вимблдон веќе во третото коло може да налета на тежок противник и да се соочи со Хуан Мартин Дел Потро.

Доколку стигне до ¼ финалето Србинот би играл со незгодниот Австриец, Доминик Тием, додека пак во полуфиналето би го очекувал најдобриот тенисер во историјата на „белиот спорт“, Роже Федерер.

Актуелниот освојувач на Вимблдон во првото коло ќе игра против квалификант, додека пак Роже Федерер ќе се сретне со Украинецот, Александар Долгополов.

Третиот грен слем турнир во сезоната, Вимблдон на програмата ќе биде од 3 до 16 јули.