Теренот е мал, но Работнички подобро го познава од Динамо Минск

 

Денеска се играат натпреварите од преткфалификациското коло во Лигата на Европа, наштие два претставника ги играат своите натпревари на домашен терен. Работнички на комплексот на ФФМ, а Шкендија во Струмица.

Динамо Минск е благ фаворит во натпреварот со Работнички, но тоа не мора да значи ништо бидејќи белорусите не се навикнати да играат на вакви пеколни температури и малото теренче на комплексот ФФМ, треба да претставува предност за „романтичарите“. Додека пак во другиот натпревар фаворит е нашиот претставник Шкендија кој својот дуел го игра против Финскиот тим ХЈК.

Натпреварите започнуваат во 18:00 часот, од дуелот Работнички – Динамо Минск ќе има директен пренос на ТВ Нова.