„Тешко ми е се ова да го кажам“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот стручнак Пеп Гвардиола одржа прес конференција на Итихад на која зборуваше за бразилскиот напаѓач Габриел Жесус.

Габриел Жесус во мечот протв Борнемут се здоби со тешка повреда на стапалото поради што мораше на операција во Барселона.

Бразилецот е успешно опериран, но вестите за навивачите на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола не се ниту малку добри.

Имено, според првите прогнози младиот бразилски напаѓач надвор од теренит ќе биде најмалку два месеци и речиси сигурно е изгубен за остатокот од сезоната.

Жесус на Сити се придружи во јануари кога стигна од Палмеирас. Бразилецот покажа дека ќе биде големо засилување бидејќи три пати ја затресе мрежата на противникот.

„Тешко ми е се ова да го кажам. Габриел е опериран денеска во Барселона и најважно е дека се помина како што треба. Сепак, прогнозите велат дека ќе биде надвор од терените најмалку два месеци и веројатно повеќе нема да игра во оваа сезона. Тоа се лоши вести за нашиот тим, а што е тоа е. Ова е шанса за Серхио Агуеро за повторно да се избори за место во почетниот состав“, рече Гвардиола и додаде:

„Сега е најважно тој да се опорави по план и програма и кога ќе биде спремен тој ќе игра, било тоа во оваа или дури во следната сезона“.