Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилскиот дефанзивец Тиаго Силва не ја исклучува можноста повторно да го облече дресот на Милан.
Силва во средата со два погодоци донесе победа на ПСЖ против Мец во Купот и покажа дека уште важи за еден од најдобрите стопери во светот.
Силва како играч се изгради во Милан, па сега прокоментира нешто во врска со тоа дали тој би сакал повторно да заигра на Сан Сиро.
„Оставив отворена врата во Милан. Имам многу пријатели таму и спомени. Секогаш се обидувам да останам во контакт со некои кои ми значеле во животот. Галијани и Берлускони за мене се многу важни и неможам да кажам дека нема да се вратам во Милан никогаш“ – вели Тиаго Силва
Силва во Милан играше од 2009 до 2012 и одигра 119 натпревари за тимот од Сан Сиро.