Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот Тиаго Силва може да се врати во редовите на Милан.
Тиаго Силва одби да го продолжи договорот со ПСЖ, па бразилските медиуми тврдат дека тој може да се врати во Милан во наредната година.
Овој наскоро 32-годишен стопер има договор со Парижаните до лето 2018 година, но дека нема да го продолжи истиот, Парижаните ќе бидат спремни веќе во јануари да го продадат.
Силва во 2012 година од Милан за 42 милиони евра премина во ПСЖ, но има убави спомени од Италија и нема ништо против да се врати, каде што со младиот и талентиран Алесио Ромањоли може да го сочинуваат стоперскиот тандем.
Росонерите ги очекува голем буџет за трансфери во наредната година после што ќе ги превземе кинеската групација.