„Тоти е нашиот Рожер Федерер“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер славеше синоќа на Мастерсот во Мајами после победата во финалето против Рафаел Надал.

Иако го прослави својот 35-ти роденден Федерер повторно пружа партии како во своите најдобри денови и на неверојатен начин ја почна новата сезона.

За швајцарскиот тенисер вчера зборуваше играчот на Рома, Раџа Наинголан, кој рече дека има еден спортист кој направи повеќе од Федерер.

„Федерер е неверојатен. Сепак, ние го имаме Тоти кој со своите 40 години и понатака игра на највисоко ниво. Тој е нашиот Федерер. Мило ми е што гледам некој така да се труди и бори иако веќе е на залезот на кариерата“, рече Наинголан.

Белгиецот од италијанските новинари доби прашање за својата одбрана, но тој вешто избегнуваше одговор дали ќе ја напушти Рома во ова лето.

Исто така, Наинголан ги откри четирите најдобри играчи на светот во овој момент по негов избор.

„Мои четири најдобри играчи во фудбалот моментално се Лионел Меси, Нејмар, Кристијано Роналдо и Еден Азар“, додаде Наинголан.