Тој е поранешен, навивачите порачаа на Фелаини каде треба да премине!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Навивачите по кој знае кој пат бесни поради Маруаин Фалаини.

Фудбалерите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед одиграа без голови во дербито на 34 коло од Премиер лигата, а во центарот на вниманието беше Маруан Фелаини.

Белгиецот повторно доби беспотребен црвен картон, Агуеро успеа да го испровоцира, а судијата Еткинсон му го покажа патот во соблекувалната.

Навивачите на Јунајтед по кој знае кој пат на друштвените мрежи го критикуваа Фелаини, но рака на срце, и вечерва одработи голем дел од работата во дефанзивната тактика на Јунајтед кој немаше избор освен да се брани без поголем дел на играчи.

Погледнете како Фелаини доби нов црвен картон и по мислење на многумина, докажа дека на лето треба да биде продаден…на пример во редовите на нисколигашот Ротерам, само е еден од коментарите на навивачите на Јунајтед…