„Тренеру извади ме од игра, неможам да ги слушам повеќе“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тимо Вернер, фудбалерот на Лајпциг синоќа во дуелот против Бешикташ после само 32 минути игра побара измена.

Тој во текот на натпреварот користеше тампони за уши поради проблеми со слухот.

Бешикташ синоќа победи со 2:0 и ја продолжи низата од 10 натпревари без пораз на домашен терен во европски натпреварувања.

Инаку во врска со измената на Вернер проговори и Ралф Хасенхутл, тренерот на Лајпциг.

„Невозможно е да ја подготвиш екипата за ваква атмосфера. Беше навистина гласно и на почетокот од натпреварот тоа влијаеше на нас. Во првите 20 минути воопшто не бевме добро, а тоа е само една лекција за нас. Видев на кого можам да сметам во вакви ситуации, ова е лекција а ние ќе продолжиме да учиме“