Три понуди за Пирло, веќе одбрал?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Андреа Пирло стана и официјално дел од легендите во светскиот фудбал. „Моцарт“ го чека живот после фудбалот, има винарија, но со тоа се занимаваат неговите родители, а тој на некој начин ќе остане во спортот.

Како што и сам изјавуваше, нема намера да се занимава со тренерска работа, можеби се има предомислено, а доколку е така, би можел да му се придружи на Антонио Конте како помошник во Челси.

Втора варијатна е некоја фунцкија во Италијанскиот фудбалски сојуз, бидејќи Пирло е еден од симболите на „Аѕурите“ во овој век.

Трета варијанта, а веројатно и најверојатна е дека Пирло се враќа во Јувентус. Си замина од клубот после берлинското финале, но со ветување дека ќе се врати.

Со Ањели во одлични односи, а целта претседателот на клубот е да собере повеќе поранешни играчи на Јуве на едно место. Недвед е потпретседател, Буфон и Барзаљи исто така од наредната сезона ги чека место во управувачките структури, а Пирло би требало да потпише договор и да стане амбасадор на Јувентус.

Една од легендите на Јуве, Давид Трезеге веќе ја обавува таа функција, па во Италија очекуваат Пирло да им се придружи.