УЕФА откри кога ќе ја соопшти одлуката за казната на ПСЖ и Ц. Звезда


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот медиум „Л’Екип“ пишуа дека Дисциплинската комисија на УЕФА почнала постапка против ПСЖ и црвена Звезда по нивните меѓусебни дуели.

ПСЖ на 18 октомври беше казнет со 20.000 евра поради доцнење на натпревар, но на официјалниот сајт на УЕФА пишува дека постапката против клубовите продолжува.

Евентуалната казна на УЕФА би требало да биде соопштена на 22 ноември, а според претпоставките, дисциплинските органи би можеле да го затворат „Паркот на принцовите“, односно дел од трибините.

Останува да се види на кој начин ќе биде казнет српскиот шампион, зашто Ц. Звезда е обвинета поради нередите на навивачите и недозволеното скандирање.

Натпреварот одигран во Париз на трети октомври заврши со победа на ПСЖ од 6-1.