Улица во Ница ќе се вика по Жил Бјанки

Една улица во Ница од понеделник ќе го носи името на починатиот возач во Ф1, Жил Бјанки.

Францускиот возач почина на 17 јули 2015 година, нешто повеќе од 9 месеци по тешката несреќа која ја доживеа во текот на ГН на Јапонија на патеката „Сузука“. Бјанки беше роден во Ница, а почина на 25 години.

Бјанки во Ф1 дебитираше на трката во Австралија во 2013 година, а најдобар резултат му беше на ГН Монако една година подоцна, кога го освои 9-то место. Тогаш и ги донесе првиот бодови на Марусија.

Церемонијата на официјалната промена на името на улицате пред „Алианц Ривиер“ стадионот ќе биде оддржана во понеделник.