Уште еден фудбалски „војник“ го напушта репрезентативниот фудбал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Поранешниот играч на Јувентус, Артуро Видал, потврди дека ќе се пензионира од Чиеланската репрезентација по светското првенство во Русија во 2018 година.

Поразите од Парагвај и Боливија, во интернационалната пауза, ги намалија шансите на Чиле за пласман на Светското Првенство следната година.

По синоќешниот пораз на Чиле од Боливија, Артуро Видал, на социјалните мрежи изјави дека, му остануваат уште два квалификациски натпревари и едно светско првенство во дресот на Чиле.

30 годишниот играч, има постигнато 23 гола на 93 настапи за своајта репрезентација.

Видал не само на репрезентативен план туку и на клубски тој освои доста трофеи во својата богата кариера. СО Јувентус освои четири Скудета, а со Баерн Минхен една титула во Лигата на Шампионите и една во домашното првенство.

Тој оваа лето беше поврзуван со италијанските гигнати, Милан и Интер, но не се случи ништо од тоа.